САД одобрија испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина од Данска и Холандија веднаш штом ќе заврши обуката за пилоти, изјави неименуван американски претставник.

-Вашингтон ги увери данските и холандските власти дека САД ќе го забрзаат одобрувањето на барањето за трансфер на Ф-16 во Украина откако пилотите ќе бидат обучени, рече официјалниот претставник.

Тој додаде дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен испратил писма до своите дански и холандски колеги во кои ги уверува дека барањата ќе бидат уважени.