Хамза бин Ладен, син на поранешниот прв човек на „Ал-Каеда“, Осама бин Ладен, бил ликвидиран за време на операција на специјални сили на САД, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.
За убиството на Хамза бин Ладен објави и „Њујорк Тајмс“ при крајот на мај. Според весникот, синот на Осама бин Ладен бил убиен за време на воени операции во текот на изминатите две години некаде на авганистанско-пакистанската граница.
-Ал Каеда е лишена од симболичната врска со Осама бин Ладен, оперативните дејства на милитантите се исто така поткопани. Хамза бин Ладен бил одговорен за планирање и работа со разни терористишки групи, изјави Трамп.
Иако имаше повеќе извештаи дека синот на Осама бин Ладен е можеби ликвидиран, американските власти тоа официјално го потврдија сега.
Хамза долго време беше на американската листа на најбарани терористи и за него имаше распишано награда од милион долари.