Њујоршкиот детектив Сони Гросо, кој беше инспирација за приказната во криминалистичкиот оскаровец „Француска врска“, почина завчера, објави неговото семејство.
Гросо, инаку родум од Дизелдорф, Германија, и самиот имаше мала улога во филмот, а потоа заплови во филмските води и како продуцент на над 40 ТВ-филмови и серии.
Гросо во култниот филм од 1971 и истоимениот роман на Робин Мур од 1969 година, е олицетворен во ликот Бади Клауди Русо. Глумецот Рој Шредер заработи номинација за Оскар за најдобар спореден актер токму за оваа улога.
Гросо во средината на 20. век со својот партнер Еди Иган учествува во следењето на францускиот криумчар со дрога – Алан Шарние.
Филмот „Француска врска“ 1972 година освои пет оскари – за најдобар филм, главна машка улога (Џин Хекман), режија, адаптирано сценарио и филмска монтажа.