Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека размислува да испрати високо официјално лице во посета на Украина, со цел да ја нагласи дека Вашингтон е заштитник на украинската нација.

На прашањето дали ќе испрати официјално лице, Бајден рече дека „моментално се одлучува за тоа“.

На почетокот на неделава портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, рече дека Бајден не планира лично да ја посети Украина.