Мажот кој уби десет луѓе во саботата за време на прослава на кинеската Лунарна Нова година во сала за танцување во Монтереј парк, град во близина на Лос Анџелес, изврши самоубиство.

Шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна објави дека убиецот е идентификуван како 72-годишен Ху Кан Тран, но неговиот мотив за масакрот е непознат.

Убиецот си го одзел животот вчера во градот Торанс, град на околу 30 километри од местото на злосторството, откако полицијата го идентификувала.

Тран откако уби десет луѓе во паркот Монтереј, со пиштол упадна на прославата на кинеската Нова година во Алхамбра, но обезбедувањето успеа да го неутрализира.

Монтереј Парк е град кој се наоѓа на околу единаесет километри од центарот на Лос Анџелес. Околу две третини од жителите се Азијци, според податоците од американскиот попис.