Американскиот Сенат вчера презеде уште два чекори кон усвојување на инфраструктурниот пакет од 1.000 милијарди долари, поддржувајќи ги деталите за најголемата американска инвестиција во патишта и мостови во последните децении и со ограничување на дискусиите за предлогот.

Со 69 гласови „за“ и 28 „против“, компромисните одредби беа прифатени како резултат на макотрпните преговори меѓу републиканците и демократите. Сличен беше ставот на Сенатот и за ограничувањето на расправата за предлог пакетот.

Гласањето за предлогот може да се одржи денеска или утре, по што ќе биде испратен до Претставничкиот дом.

И Сенатот и Претставничкиот дом се тесно контролирани од демократите, и усвојувањето на овој предлог -закон, што останува веројатен, ќе биде голема победа за американскиот претседател Џо Бајден.

Инфраструктурниот план е главниот приоритет на демократскиот претседател и во себе вклучува инвестиции од 312 милијарди долари во транспортни проекти: патишта, мостови, аеродроми и 266 милијарди долари во други проекти, како што се инвестиции во водоводниот систем и широкопојасен интернет.

Предлог -законот во следните 10 години ќе го зголеми федералниот буџетски дефицит за 256 милијарди долари, покажуваат податоците на Конгресот.