Јужна Кореја и САД, по долгите консултации, одлучија да ги одржат годинешните заеднички воени вежби, и покрај повиците на Северна Кореја за нивно откажување, јави агенцијата Јонхап, повикувајќи се на јужнокорејски извори.

-На претстојните вежби ќе учествуваат минимален број војници, а нивниот број ќе биде помал отколку за време на пролетните маневри, изјавуваат изворите.

Пред почетокот на маневрите неделава во Јужна Кореја ќе се одржи четиридневна проба, на која ќе треба да се види подготвеноста на двете армии да реагираат на неочекувани итни ситуации.

Претставници на јужнокорејското Министерство за одбрана минатата ендела изјавија дека е „пожелно“ маневрите да бидат прекинати поради пандемијата на коронавирусот и потребата да се преговара со Пјонгјанг. Оваа позиција беше поддржана и од владејачката Демократска партија.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун претходно изјави дека летните маневри ќе имаат негативно влијание врз односите меѓу двете Кореи.