Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на 76-годишнината од фрлањето на атомската бомба врз Нагасаки, ја поддржа заложбата на Русија и САД во дијалогот за контрола на вооружувањето.

Гутереш кажа дека нуклеарна војна „не може да се добие и никогаш не смее да се води“ и дека дури 76 години по бомбардирањето „продолжуваме да живееме во сенката на облаците од атомска печурка“, пренесува Тасс.

-Ги повикувам сите страни од Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ) на својата претстојна 10. конференција да преземат чекори за елиминирање на оружјето, рече Гутереш.

САД, на 6 август 1945 година, фрлија четиритонска ураниумска бомба врз Хирошима, при што загинаа најмалку 70.000 луѓе, а три дена подоцна фрлија уште една бомба врз Нагасаки, срамнувајќи го градот и убивајќи уште најмалку 70.000 лица.

Се проценува дека вкупниот број на жртви од американското атомско бомбардирање на Јапонија е околу 190.000.