Министерот за здравство, Беким Сали доцна попладнево информираше дека во земјава пристигнал првиот дел од најавените 250 илјади вакцини Фајзер, кои се директна донација од италијанската влада.

-Оваа донација е преку механизмот Ковакс и во соработка со УНИЦЕФ. Вакцините се сигурни и безбедни. Транспортот е со ладен ланец до петте точки, каде што ќе бидат сместени и ќе ни бидат потребни. Ова е прв дел од донацијата, рече Сали.

Тој упати благодарност до медиумите што го поддржуваат министерството и властите за имунизација на населението.

-Единствен начин за заштита од пандемијата е вакцинацијата. Вториот дел од пратката вакцини ќе пристигне во среда, појасни Сали.