Во последните 24 часа од направени 4.572 тестирања регистрирани се 266 нови случаи на КОВИД-19, 717 оздравени пациенти, како и 15 починати лица од кои седум се пријавени огласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Најмногу од ново регистрираните лица 120 се од Скопје по што следат Битола со 25, Прилеп – 22, Охрид – 20, Куманово и Кавадарци – 11, Ресен – 8, Струмица – 7, Тетово – 6, Кочани и Струга – по 5, Гевгелија и Валандово – по 4, Велес и Радовиш – по 3, Крива Паланка и Македонски Брод – по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Делчево, Виница, Кратово и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се и осум починати лица од кои по две се од Струмица (56г и 76г) и Куманово (63г и 75г) и по едно починато лице од Скопје (82г), Прилеп (83г), Битола (47г) и Штип (83г). Сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени се дополнително седум лица, починати во период од 27.11-24.12.2021 година. Починатите лица се од Гостивар (2), Скопје (1), Охрид (1), Струга (1), Тетово (1) и Кавадарци (1) и се на возраст од 57г до 82 години. Од пријавените, пет лица се починати во болнички услови, а две во домашни услови.