Бугарските власти испратиле „остро писмо“ до компанијата АстроЗенека која ја произведува вакцината за САРС КОВ 2 со оглед н тоа што наместо 142 000 дози, Бугарија на 1 март ќе добие само 52 дози од соодветната вакцина.

Бугарските власти, според тамошните медиуми, известиле дека се подготвени 52-те илјади дози да ги преземат уште утре со авионски транспорт и дека ги очекуваат договорените вакцини во предвиденот рок.

Патем, бугарските медиуми се пофалија дека денеска Бугарија постигнала рекорд во вакцинирање на населението и дека во времето од 7 до 17 часот се вакцинирани 18 900 граѓани.

Истовремено, кај нас беше објавено дека досега се вакцинирани вкупно 1 510 лица, сите од медицинската дејност, а Филипче го прими второто пакетче вакцини од Србија со 3510 дози. Вкупно, ние сме вакцинирале некаде околу 8 отсто од бројот на вакцинирани во Бугарија во еден ден, а бројот на вакцини кои сме ги набавиле односно добиле како подарок од Србија, а тоа се единствените вакцини кои ги имаме, се некаде околу 40 отсто од денешниот број на ваикцинирани кај нашиот источен сосед.