Во Кина урнаа 15 солитери со 4,6 тони експлозив. Со години стоеле празни, а сега стојат на парцела за која властите имаат нови планови.

Земјиштето во јужниот кинески град Кунминг, кое беше уништено на 27 август, се проценува на 154 милиони долари. Според кинеските вести, 4,6 тони експлозив биле поставени на 85.000 места.

Изградбата на овој комплекс наречен Liyang Star City Phase II започнала во 2011 година. Поради недостаток на капитал, изградбата запрела во 2012 година. Дизајнерот се сменил, но и новите дизајнери морале да ја прекинат изградбата во 2013 година поради разни компликации. Иако изградбата во еден сектор била завршена во 2015 година, преостанатите 15 солитери останале празни од 2013 година, па дури и кинеската влада се обиде повторно да го заврши проектот, но безуспешно. 

Yunnan Honghe Real Estate Co. е кинеска компанија која ги откупила правата на земјиштето каде што се наоѓаат облакодерите. Тие одлучиле да ги уништат бидејќи побарувачка за такви згради повеќе не постои.

Експлозијата и прашината што се кренала зафатиле околу 500.000 квадратни метри, што е најголемата намерна градежна експлозија во историјата на Кина. Откако се спуштила прашината, една зграда останала да стои „на задните нозе“, навалена настрана, за што Кинезите се шегуваа за изградба на висококвалитетни и издржливи згради. Овој облакодер ќе биде механички урнат.