Шпанскиот премиер Педро Санчез истакна дека потребно е итно да се зголеми потрошувачката за одбраната ширум Европа за да биде подготвена да се спротивстави на руската „агресија“.
Европскиот безбедносен и одбранбен сектор, како што истакна Санчез, беше запоставен, што резултираше со недостиг на инвестиции од 56 милијарди евра, објави „Јуровикли њуз“.
„Имаме помалку можности, трпиме од дигитална ранливост која е влошена со порастот на вештачката интелигенција, имаме сериозни недостатоци во одбранбената индустрија, и покрај фактот што европската економија е седум пати поголема од руската економија“, рече Санчез, објави „Информасион“.
Фото: МИА архива