Земјите-членки на Г7 и Австралија вчера се договорија за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел.

Одлуката уследи откако земјите-членки на Европска Унија исто така постигнаа политички договор за ограничување на цената на руската нафта.

Г7 и Австралија најавија дека ограничувањето на цената ќе стапи во сила на 5 декември, истиот ден кога стапува во сила и европското ембарфо на руската нафта.

Целта на ограничуавње на цената, што е идеја на Г7, е да се намалат приходите на Русија од продажбата на нафта, а во исто време да се спречи порастот на глобалните цени по стапувањето во сила на ембаргото на ЕУ на руска нафта на 5 декември.

Ограничувањето ќе им овозможи на земјите надвор од ЕУ да продолжат да увезуваат руска нафта, но ќе им забрани на транспортните и осигурителните компании да тргуваат со руска нафта ширум светот, освен ако не ја продава по цена под ограничувањето.