Русија денеска воведе опсежни финансиски санкции за политичката елита на Украина, замрзнувајќи ги руските средства на стотици политичари и десетици бизниси во сопственост на големи украински бизнисмени.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска потпиша декрет со кој се воведуваат санкциите, а образложени како контра-санкции, изготвени како одговор на украинските мерки против Москва.

Во декретот се наведува дека предмет на санкциите се 322 лица и 68 бизниси, вклучувајќи ги и поранешната премиерка Јулија Тимошенко  и синот на претседателот Петро Порошенко.