Герет Саутгејт е изненадувачката опција за нов менаџер на Манчестер Јунајтед, откриваат извори на „Скај Спортс“.
Од раководството на „црвените ѓаволи“ се уште не оствариле контакт со Фудбалската Асоцијација, но стилот на работа со младите на англискиот селектор и неговиот стил на игра го направиле најпосакувана опција од за клубот.
Сепак во октомври, Саутгејт го обнови договорот со Англија до Светското во 2022.
Под негово раководство „трите лава“ стигнаа до полуфиналето на Мундијалот во Русија во текот на летото, каде загубија со 1:2 од Хрватска по продолженија.
Во моментов Јунајтед е воден од привремениот менаџер Оле Гунар Солскјер, под чие водство тимот освои пет дуели досега.