Еве Максо, има фирма во Бугарија. Види Максо, ти си сопственик!  А изгледа дека не е само една. Додека Максим Димитриевски се претставува како „антикорупционер“ и „голем Македонец“, фактите покажуваат сосема спротивно, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.

Фирмата МБС ГЛОБАЛ била регистрирана на 07.08.2015 година на адреса булевар „Стефан Караџа“ во Бургас, Бугарија. Компанијата се занимава со трговија на големо со непрехранбени производи.

Дополнително, сопругите на Димитриевски и Серафимовски имаат друга компанија во Македонија – АЈФИКС ДОО од Доброшане, Куманово.

Максо, колку фирми имаш во Бугарија и колку во Македонија?

Колку тендери си наместил?

Колку пари си префрлил преку кумови и блиски?

Види Максо, доаѓа времето на вистината.

Нема повеќе лаги.

Максо, доаѓа времето на правдата и одговорноста.

Ја предаде својата партија и си ги предаде своите гласачи!

Немаш право ти, кој си со „промакедонската“ партија на бугарски државјани, со организираната криминална група ВМРО и со Христијан Мицкоски кој те плаќа преку тендери, да правиш дефокус од Европската реформска агенда.

Доста е веќе да вие поради вашиот криминал и корупција го држите народот како заложник и ја држите државата во изолација.

Сите – и ти, и Филков, и Сашо Петровски, и целата криминална група предводена од шефот на бандата Христијан Мицкоски – ќе одговарате!

Реформи сега. Правда сега. Европа сега.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: СДСМ