Нашата влада дава резултати, ги намаливме цените на горивата, ја стабилизиравме цената на основните прехрамбени производи и го штитиме стандардот на граѓаните, се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ.

Во продолжение целото соопштение:

Новите 26 антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ во вредност од 400 милиони евра веќе даваат резултат.

Ефикасност во реализацијата и примената на антикризните мерки доведе до намалување на цената на горивата, безинот се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.

Ова е резултат на дел од мерките за намалување на ДДВ и акцизата за горивата.

Стабилна е цената и на основните прехрамбени производи.

Во време на најголема криза го штитиме стандардот на граѓаните и економијата и обезбедуваме поддршка на компаниите.

Центар за односи со јавноста на СДСМ