СДСМ има обврска да го држи кормилото на државата во вистинскиот, европски правец и да ги спречи сите обиди за негово загрозување, затоа што постојат закани на европскиот пат на земјава.

Ова се истакнува во денешното соопштение од СДСМ, кое во продолжение го објавуваме во целост.

Левица и Димитар Апасиев, со опасниот популизам, со својата анти-НАТО и анти-ЕУ потпалувачка реторика е фактор кој работи на загрозување на европскиот пат.

Опасноста е присутна и е се поголема затоа што оваа партија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги зема како нивни заложници.

ВМРО-ДПМНЕ е целосно идеолошки обезличена а Мицкоски е слаб, нема став, нема визија и нема државничко чувство.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат план, а тоа го признаваат и високи функционери на партијата.

Левица со своето дејствување стана десница и ги зема во целосно заложништво Мицкоски и ВМРО–ДПМНЕ.

Таквите потпалувачки политики може да ја уништат иднината на земјата и да го попречат европскиот пат, но тоа СДСМ нема да го дозволи.

Центар за односи со јавноста на СДСМ