ВМРО-ДПМНЕ да се исправи да ја поддржи македонската иднина и да каже да за решението коешто го зајакнува и обезбедува македонскиот идентитет еднаш – засекогаш!

Ова се вели во денешното соопштение на социјалдемократите во кое се додава дека „Македонија нема уште генерации за губење“:

„Граѓаните очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка на решението на 25 годишниот спор, што со децении ја влечеше земјава надолу. ВМРО-ДПМНЕ треба да каже ДА за референдум на којшто граѓаните ќе го имаат последниот збор.

Како најголема опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже зрелост и одговороност и да каже ДА за решението кое што обезбедува членство на Македонија во НАТО и полноправно членство во Европската унијата!“, се вели во истотот соопштение.