Градиме силна, развојна и стабилна економија која носи шанса за сите, се истакнува во денешното соопштение од СДСМ за моментната состојба на македонската економија.

Подолу го објавуваме целото соопштение:

Успешноста на економските мерки што ги спроведува Владата предводена од СДСМ е потврдена преку бројни показатели.

Последните податоци од Државниот завод за статистика говорат дека извозот во месец март 2021 година пораснал за 7,8 отсто во однос на истиот месец 2020 година.

Ова е силна потврда дека денес македонската економија е стабилна и динамична и се движи во вистински правец.

Покрај раст на извозот во првиот квартал од годината, раст бележи и просечната плата која во февруари 2021 година е за 2,7 отсто повисока во однос на февруари 2020 и изнесува 27.984 денари.

Во оваа 2021 година согласно економските показатели и очекувања, предвидено е македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, да продолжи трендот на зголемување на платите и да се намалува невработеноста.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со креирање и реализација на мерки и политики кои ја помагаат домашната економија и отвораат нови можности.

Како одговорна партија остануваме посветени на градење силна, развојна и стабилна економија која носи шанса за сите.

Центар за односи со јавноста на СДСМ