Владејачкиот СДСМ продолжува да лиферува соопштенија со обвинувања на опозицијата за сите неуспеси на власта предводена од оваа партија.
СДСМ е втор мандат на власт, а сега и за бегството на ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, се брани со обвинувања на опозицијата. Го пренесуваме целото денешно соопштение од СДСМ:
Откако ги призна сите криминални злодела на ВМРО-ДПМНЕ предводена од неговите ментори Никола Груевски и Сашо Мијалков, Христијан Мицкоски да ги повика на соочување со одговорност сите во белиот дворец против кои се водат судски предмети.
Цели три години Мицкоски е на браникот на криминалот, работи против правдата, против судска разрешница на предметите на СЈО во кои се и Груевски и Мијалков ама и Милошоски и Орце Камчев и многу други.
ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се симболот на криминалот, корупцијата и неправдата.
Граѓаните ова многу добро го знаат.
Како што и досега не успеа во својата намера, нема да успеат ниту овој пат, одговорност ќе има за сите до еден.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ