Претседателот на СДСМ при посетата на САД се сретна и со американскиот претседател Џо Бајден, соопшти денеска владејачкиот СДСМ.

Во соопштението го фали „државничкиот однос на нашиот премиер“ и вообичаено ја напаѓа опозицијата „која е виновна за се“. Еве го целото соопштение од Бихаќска:

Посетата на САД, Ковачевски ја искористи да оствари средби со неколку европски државници, да ја зајакне меѓународната позиција на државата, да гради нови партнерства во време на светска економска и енергетска криза.

И додека Ковачевски прави дипломатски напори, Христијан Мицкоски заедно со неговиот единствен поддржувач, Димитар Апасиев дејствува на штета на граѓаните и државата.

Додека Ковачевски прави напори да обезбеди доволно електрична енергија и енергенси, додека Владата ги покачува пензиите и платите во бројни сектори, Мицкоски ги блокира инситуциите, изигрува шпицен градоначалник, обвинуван е за вмешаност во спорни тендери и се испорака со голем број од опозициските партии.

Тоа е разликата помеѓу одговорниот државнички однос на Ковачевски и СДСМ и деструктивноста и неодговорноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за односи со јавноста на СДСМ