И во Град Скопје, и низ целата држава, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги очекува пораз, се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ.

Соопштението, напишано со матрица како стотици досега кои секојдневно ги пласираат во јавноста, со напад таму од каде што се најзагрозени во задржувањето на власта. Го објавуваме во целост:

Христијан Мицкоски ниту самиот не верува во неговата понуда за кандидати за градоначалници.

Тој и ВМРО-ДПМНЕ имаат проблем да најдат кандидати за градоначалници, затоа што сите знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е извесен губитник на локалните избори.

И во Град Скопје, и низ целата држава, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги очекува пораз затоа што освен лажни вести, деструкции и блокади ништо друго и не нудат.

Граѓаните ги препознаваат деструктивните политики на Мицкоски, тој е осамен во својот простотилак кој јавно го обелодени на социјалните мрежи и затоа му следува уште еден пораз.

На претстојните локални избори граѓаните повторно ќе ги победат деструкциите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и ќе им испорачаат нов пораз, седми по ред.

Центар за односи со јавноста на СДСМ