Во денови кога Македонија бележи црни рекорди на заразени и починати од коронавирусот, владејачкиот СДСМ  води војна против опозицијата.

Сред пандемија СДСМ упорно тера изборна кампања за градоначалник на Штип, а ја обвинува опозицијата за кампања против здравствениот систем кој е на колена.

Еве ги денешните соопштенија од Бихаќска за тоа како владејачката партија „се бори против коронавирусот“!

Текстовите ги објавуваме комплетни сосе насловот, како што се лиферувани од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ!

Мицкоски работи за вирусот, против системот, против државата, против лекарите, против граѓаните

Се што ВМРО-ДПМНЕ прави во време на пандемијата со коронавирусот е црна кампања против здравствениот систем, поткопување на сите напори за ублажување на последиците од кризата и ширење лажни вести, со кои предизвикува страв и паника кај граѓаните.

Христијан Мицкоски продолжува да работи за вирусот, а против здравствениот систем, против лекарите и против граѓаните.

Мицкоски работи за вирусот со масовно прекршување на мерките за заштита на здравјето, со одење по теретани и ресторани кога тоа е забрането.

ВМРО-ДПМНЕ го поткопува здравствениот систем со кочење финансиска помош од Светска банка за опремување на 16 ковид центри низ државата.

Вело Марковски лажно ги клевети здравствените работници дека терапиите се несоодветни, ги советува граѓаните да не носат маски затоа што вирусот не е опасен.

Мицкоски ширеше лажни вести дека нема доволно тестови, креваше страв и паника кај граѓаните дека нема доволно заштита опрема.

А згора на се, ја злоупотребува смртта на граѓаните ги злоупотребува починатите од коронавирусот и нивните најблиски за политичко профитирање.

Граѓаните знаат кој изминатите девет месеци пожртвувано се грижи за здравјето, а кој тера политикантство.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се во опозиција и таму ќе останат уште долго.

ВМРО-ДПМНЕ се тие кои им забиваат нож во грб на граѓаните, нож во грб на државните интереси

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не направија ниту едно добро за европските интеграции во изминативе години, не направија ниту еден чекор напред за евроатлантската интеграција на земјава.

Напротив сите нивни позиции и дејствувања беа контра НАТО и контра ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ е деструктивна антидржавна партија која им забива нож во грб на граѓаните, нож во грб на државните интереси.

Тие кочеа кога се носеа реформите важни за иднината на државата, се обидоа да го кочат влезот во НАТО и останаа на страната спротивна на интересите на граѓаните и на државата.

Не може оние кои се контра ЕУ и НАТО, оние се контра сопствениот народ, да се нудат како спасители.

Мицковски нема став за ниту една тема, за ниту една стратешка позиција, тој е изгубен во времето и просторот.

Храбрите и мудри политки на СДСМ за само три години ја одведоа државата од раб на граѓанска војна, во полноправно членство во НАТО и пред отворање пристапни преговори за ЕУ.

Ниту едно деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја спречат нашата европска иднина.

Мицкоски ги навредува докторите и го поткопува здравствениот систем!

Во време кога целиот свет е обединет во борбата проти коронавирусот, во време кога сите даваат придонес за справување со пандемијата мрачниот Мицкоски одмага и го поткопува здравствениот систем.

Црниот придонес на Мицкоски од почеток на пандемијата се состои од масовно прекршување на мерките за заштита од коронавирусот, одење по тератани и ресторани кога тоа е забрането, ширење лажни вести дека нема доволно тестови, кревање паника кај граѓаните дека нема доволно заштита опрема.

Преку своите послушници, Мицкоски кочеше финансиска помош од Светска банка за опремување на 16 ковид центри низ државата, придонесе полицијата да не ги казнува прекршителите на мерките за заштита.

Неговиот Вело Макровски лажно ги клеветеше здравствените работници дека терапиите се несоодветни, ги советуваше граѓаните да не носат маски затоа што вирусот не е опасен.

Со организирање морбидни перформанси на кои се злоупотребува смртта на граѓаните, некрофилот Мицкоски го покажа своето нечовечно лице, без трошка сочувство ги злоупотребува починатите од коронавирусот и нивните најблиски за политичко профитирање.

Мицкоски ги навредува докторите и се обидува да го поткопува здравствениот систем

Граѓаните гледаат дека мрачниот Мицкоски се грижи само како да ја задржи фотелјата во белиот дворец и затоа тој уште долго ќе остане во опозиција.

Центар за односи со јавноста на СДСМ