Владејачкиот СДСМ и коалиционен партнер на ДУИ, од блокадата не го гледа примитивизмот на нивниот собраниски спикер, Талат Џафери.

И денеска нема ниту збор за спикерот од редовите на ДУИ, но како секој ден има критики за опозицијата и блокадите, пофалби за работата на власта и ниту еден ред во соопштението за примитивниот однос на Џафери. Во продолжение целото денешно соопштение од СДСМ за работата на Собранието:

Пропаднаа обидите за блокада на Собранието од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски.

Дневниот ред се усвои и Собранието продолжува со работа и покрај тоа што два дена се потрошија на нивните бесмислени предлози.

Во време на најголема светска економска и енергетска криза, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заради лични интереси на Мицкоски го блокираат Собранието наместо да работат за граѓаните кои им дале доверба.
СДСМ, заедно со парламентарното мнозинство работи за граѓаните, ќе ги надминеме сите блокади и опструкции од ВМРО-ДПМНЕ и сите законски решенија од интерес на граѓаните ќе бидат донесени.

СДСМ и парламентарното мнозинство нема да дозволат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ да нанесат штета врз граѓаните и државата.

Во време на светска економска криза, Собранието мора да биде функционално, брзо и ефикасно да носи решенија кои значат помош за граѓаните и домашната економија.

Центар за односи со јавноста на СДСМ