Владејачкиот СДСМ продолжува со секојдневни соопштенија во кои „виновник е опозицијата“ за зголемениот број заразени од коронавирусот, за неспособноста на власта која ја предводат да набави вакцини и за целата криза во која се наоѓа Македонија.

Ваквите соопштенија на владејачкиот СДСМ не заслужуваат публикација, но во интерес на граѓаните, да видат како власта се бори против опозицијата, наместо да бара вакцини и да се бори против кризата со коронавирусот, го објавуваме целото денешно соопштение од Бихаќска:

ВМРО-ДПМНЕ се толку бездушни што се радуваат на тоа што пратеници се заболени од коронавирусот.

Наместо пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да присуствуваат на седници и да ја работат својата работа за која се платени од граѓаните.

Од почетокот на пандемијата па до денеска ВМРО-ДПМНЕ е на страната на вирусот, против граѓаните, против здравствениот систем.

Јавноста памети како Христијан Мицкоски ги кршеше мерките и забраните за заштита од КОВИД 19, како одеше по фитнес центри и кафеани, како организираа јавни собири и протести без мерки на заштита, како нивниот Вело Марковски ги поттикнуваше граѓаните да не носат маски и велеше дека вирусот не е опасен, а Унијата на млади сили организираше некрофилски кампањи.

Денеска, опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски проби ново дно во нивната бездушна и честопати некрофилска политика, овој пат радувајќи се на заболени пратеници.

Центар за односи со јавноста на СДСМ