На владејачката партија СДСМ и натаму опозицијата и е трн во окото и „генератор на сите проблеми“ во Македонија, и покрај тоа што СДСМ седум години е на власт во земјава.

Тоа звучи парадоксално, при секојдневни афери во државата, со криминал и корупција, владејачка партија да ја обвинува опозицијата. Во продолжение еве го целото соопштение од СДСМ во врска со вчерашниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ:

ДПМНЕ, Мицкоски и Левица се кочничари на европскиот пат.

Ова го потврди извештајот на Европската комисија, во кој клучен проблем и забелешки се тоа што Собранието е блокирано од страна на опозицијата.

Извештајот укажува на потребата да се донесат уставните измени и реформите за ЕУ кои ги блокираат токму Мицкоски и ДПМНЕ.

Блокадата на ДПМНЕ е и за поглавјата кои се однесуваат на борбата против корупцијата, што значи ДПМНЕ беше и останува против правдата.

ЕК јасно посочува дека Македонија има прогрес во 81 отсто од поглавјата а нема назадување во ниту едно поглавје, додека 90 отсто од поглавјата се на соодветно ниво на подготвеност.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ