На СДСМ, која 7 години на власт ја распродаваше Македонија, сега и стана претесно во нејзината опозициска кожа, па откачи до крај со недоличен речник кој не одговара и на стандардите на највесели и напиени кооперациски љубители на струмичка мастика, жолта кавадаречка или неготинско вино.

Но, тие сами за себе зборуваат најмногу во нивното соопштение кое во продолжение го пренесуваме интегрално:

Христијан Мицкоски повторно покажа каков е, безобразен уличар, шеф на криминална организација. Наместо да зборува за проблемите на граѓаните, тој излегува со ниски, уличарски провокации и „загриженост“ за здравствената состојба на дел од раководството на СДСМ. Ние не сме загрижени за неговото здравје. Ние сме загрижени за здравјето на државата кое тој и неговата банда систематски го уништуваат.

Мицкоски е човекот кој граѓаните ги нарекува „талог на општеството“, „медиокритети“ и „мочуриште“.

Ова е речник на уличар која од функцијата претседател на Влада се однесува како шеф на мафија, безобразно, примитивно.

Доста е повеќе од неговите ниски провокации и лични напади.  Срамота е за еден премиер да се однесува вака, но од предводник на криминална организација и се очекува да биде токму таков, без срам и без граници.

Мицкоски нека се грижи за својата совест, ако воопшто ја има.

Граѓаните јасно гледаат кој е вистинскиот проблем во оваа држава.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: архива