Како што вети, СДСМ интензивно ја реализира програмата за силна финансиска поддршка на граѓанте во време на криза, се истакнува во денешното соопштение од СДСМ, по вчера поднесениот предлог-закон од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите за 20 отсто.

Во продолжение целото соопштение од СДСМ:

Новата Влада предводена од СДСМ, за неполн месец направи историски најголемо покачување на минималната плата, ги заштити граѓаните од ценовен шок за струјата и обезбеди парно греење за скопјани во услови кога градската власт се амнестираше од одговорност.

Сите средства од буџетот се вложуваат назад во поддршка на стопанството и граѓаните.

Како што веќе најави претседателот Ковачевски во своето експозе, следен чекор е големо покачување на пензиите.

Во моментот се работи на модел и пресметки за точна сума која ќе значи силна поддршка за возрасните во услови на криза. Пензионерите се категорија силно погодена финансиски во време на пандемија и затоа Владата предводена од СДСМ ќе обезбеди значајна сума на средства за овие наши сограѓани.

ВМРО-ДПМНЕ може да продолжи со опструкциите и блокадите односно она што најдобро го знаат.

Наместо да глумат загрижени за растот на платите и пензиите, додека лицемерно блокираат закони, слободно нека продолжат и со измислените афери и лажниот патриотизам. Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за односи со јавноста на СДСМ