Се што треба да направат е да се вклучат во процесот и да дадат поддршка за уставните измени, се нагласува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ со кое бара опозицијата да гласа за уставните измени, за кои нема поддршка не само од ВМРО-ДПМНЕ туку, според некои анкети, кај 80 отсто од Македонците.

Во продолжение од збор до збор соопштението од Бихаќска:

Сите услови на Христијан Мицкоски што самиот тој ги постави за неговата партија да поддржи уставни измени.

Со оставките на министрите од ДУИ, што ќе стапат на сила веднаш по усвојувањето на уставните измени, Мицкоски и ДПМНЕ можат веднаш да станат дел од Влада во која нема да учествува ДУИ, а потоа и да се организираат предвремени избори.

Се што треба да направат е да се вклучат во процесот и да дадат поддршка за уставните измени.

Во спротивно, ќе покажат дека се несериозни и неодговорни пред сопствениот народ и пред иднината на државата.

Мицкоски и ДПМНЕ повеќе од една година ги лажеа граѓаните за наводно загрозување на македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност, но факт е дека тие денес се меѓународно заштитени и потврдени како никогаш до сега.

Доказ за тоа е Предлог Резолуцијата во Сенатот на САД, како и претходно усвоената Резолуција од германскиот парламент.

По 17 години во чекалната, ги започнавме преговорите со ЕУ, со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и посебност.

Сега е потребен сериозен исчекор и забрзување на процесот на преговори со крајна цел – полноправно членство во ЕУ до 2030 година.

Секој пратеник, секој политички субјект има одговорност да се вклучи во процесот и да даде поддршка на измените на Уставот, се друго е дејствување спротивно на државните и национални интереси.

СДСМ