Уште од првиот ден од мандатот, ВМРО-ДПМНЕ очајно и неуспешно се обидува да го дискредитира претседателот Димитар Ковачевски, се истакнува во денешното соопштение од СДСМ.

Соопштението на владејачката партија го објавуваме во целост:

Лидерството, способноста, решителноста и успехот на Ковачевски во менаџирање на најголемата економско-енергетска криза предизвикаа страв и очај во ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски се плаши од Димитар Ковачевски.

Од друга страна, и ВМРО – ДПМНЕ и Мицкоски се уште бараат начин да го баранат, да го замаскираат и оправдаат криминалот на Никола Груевски. Наместо да се извинат и оградат од неговите злодела.

Бројни судски пресуди како што се предметите Титаник, Тенк, Тврдина – Таргет, Плацови на Водно каде се изречени правосилни затворски казни за голем број високи функционери на партијата, како и за Никола Груевски, се потврда на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.

“Скопје 2014” е барокна пералница на 1 милијарда народни пари и бегање од одговорноста за сторен криминал нема.

Тоа што ВМРО- ДПМНЕ се уште се обидува да го рехабилитира Никола Груевски дава одговор зошто единствено Мицкоски не аплаудираше во парламентот кога се ратификуваше нашето членство во НАТО Алијансата.

Центар за односи со јавноста на СДСМ