Во Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица, пијат вода пред камери, велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Цел град беше отруен, 5.000 луѓе беа заболени – истакна Маја Борозан од СДСМ, на прес конфрренција.

Цел месец СДСМ ја обвинуваше власта зошто во Гостивар, градот во кој тие имаат градоначалник што го поддржуваат и локална власт, водата не е за пиење, а од вчера ја обвинува власта зошто нејзини претставници пиеле вода од водоводот за да докажат пред јавноста дека водата може да се пие. Така, на СДСМ не и е погодено ни кога водата не е за пиење, ниту кога е безбедна да се пие.

Во продолжение интегрално соопштението од прес-конференцијата на Борозан од СДСМ:

Прво најавуваа дека резултатите ќе бидат готови дури на 20 август.

Сега, под притисок на јавноста, наеднаш велат дека водата е чиста – шест дена порано.

Како до вчера, 20 август, а денес нагло сè е во ред?

И се уште нема официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата е чиста и здрава за пиење.

Оваа ситуација бара одговорност, а не циркуз.

Во прашање се здравјето и животите на граѓаните на Македонија.

Пет недели граѓаните се изнаслушаа различни и контрадикторни информации од сите надлежни – од Мицкоски, Клековски, Ангелов….

Прво водата беше прогласена безбедна за употреба како техничка, потоа рекоа дека има бактерии.

Пред прогласувањето на епидемијата исто така водата беше прогласена за исправна.

А никогаш немаше ниту еден извештај, анализа, резултат.

Граѓаните на Гостивар имаат право да знаат.

Која институција направила анализа на водата и кои се резултатите?

Кој го потпишал извештајот и кој со својот потпис гарантира дека водата е безбедна?

За здравјето на луѓето мора да има стручна анализа, документ, потпис и одговорност.

Граѓаните не бараат здравица. Бараат чиста вода и гаранција дека е безбедна.

Бидете сериозни барем еднаш – објавете го документот.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=kbedpijPWes

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ