Како одговорна политичка партија со домаќинско работење ги исполнуваме ветувањата дадени пред граѓаните, ги решаваме децениските проблеми и одговораме посветено на потребите на граѓаните, соопшти денеска СДСМ.

– Наместо на стиропор, лажен барок и споменици, инвестираме во надземна инфраструктура и обезбедување на сигурни и безбедни улици и патишта, како и во подземна инфраструктура, во водоводни и канализациски мрежи. Низ територијата на целата држава, изградивме над 400 километри водоводни и канализациски мержи, од кои само преку владини програми околу 250 километри, а останатите со средства на локалните самоуправи. Досега, пуштени се во употреба пречистителни станици за отпадни води во Гевгелија, Радовиш, Струмица, Кичево, Прилеп и Кочани, а планирани се пречистителни станици во уште 4 општини, соопшти СДСМ.

Владејачката партија не споменува дека повеќе од објектите за кои соопштува дека ги пуштиле во употреба се проекти или градени од претходните локална и централна власт.

– Изградивме нови бунари за водоснабудвање во с. Драгобраште, с. Борино, с. Горно Агларци, како и за прв пат се воспоставени вододни мрежи во населбите Волково, Стопански Двор и Кисела Јабука во Скопје и населбата Балканска во Штип. Продолжуваме со грижата за граѓаните. Решаваме децениски, суштински, егзистенцијални проблеми на граѓаните, со донесување на чиста и квалитетна вода за пиење, се вели во соопштението.