СДСМ најавуваше дека оваа година ќе биде економска, а граѓаните добија рекетарска година, соопшти денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ се што вети, излажа. СДСМ наместо за граѓаните, работи за своите лични, тесно партиски и бизнис интереси преку криминал, уцени, рекет и притисоци. СДСМ најавуваше дека оваа година ќе биде економска, а граѓаните добија рекетарска година. Доказ за ова е срамна реализација на капиталните инвестиции од 20 проценти за првата половина од 2019 година. Граѓаните својот гнев ќе го искажат на следните парламентарни избори кога ќе кажат доста е од Заев и неговата криминална банда. Граѓаните ќе стават крај на владеењето на СДСМ и ќе започне обнова на Република Македонија, се вели во соопштението.