Зоран Заев е во беровско Будинарци, во Малешевијата, со граѓаните, пожарникарите, полицајците, доброволците, војниците, се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ, во врска со објавите дека Заев е на одмор, што вчера и официјално беше потврдено од Владата.

Но, СДСМ продолжува во својот стил, па опозицијата и Мицкоски им се виновни и поради тоа што Заев среде криза замина на плажа, па под притисок на јавноста морал да се врати. Двете соопштенија од Бихаќска во врска со пожарите и одморот на Заев ги пренесуваме подолу:

-Од која плажа пиромански статуси пишува Христијан Мицкоски? Сите солидарно се вклучени во гасањето на пожарите само Мицкоски седи на страна и ги омаловажува напорите на сите кои учесвуваат во гасањето на пожарите. Мицкоски е срам за сите!- се вели во првото соопштение од СДСМ.

Потоа со второ соопштение реагира на денешната прес-конференција на Мицкоски:

-Нова утка на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Заев е на терен, со граѓаните, со пожарникарите, со војниците, полицајците, доброволците, а Мицкоски држи параполитички прес конференции. Срамота, со монтажи на скапи лед екрани од климатизираниот Медија центар во прескапиот бел дворец. На ист начин како што се однесуваше за време на ковид кризата, со лажни обвинувања и измислици дека јавното здравство не функционира, дека нема тестови, нема лекови сега Мицкоски повторно со неосновани и лажни обвивнувања ги омаловажува напорите на институциите кои се справуваат со пожарите. Нема ништо искрено ниту чесно кај Мицкоски, тој е класичен политички пироман кој сака да профитира од пожарите, но не му успева. Затоа, ако од нешто треба да биде згрозен Мицкоски и да има чувство на гадење тоа е неговото неодговорно, несериозно и политичко-пироманско однесување. Државата е тука за граѓаните, системот функицонира, сите надлежни институции, на централно и локално ниво се активни за справување со пожарите, и заедно ќе успееме. Некрофилните и пиромански политики на Мицкоски повторно ќе бидат казнети од граѓаните, се вели во второто соопштение од СДСМ.

Но, во нивниот стил „се розово од власта“ и „се црно од опозицијата“ никаде не споменува дека, Заев, сепак замина на одмор, за што беше потрдено и од Владата. Ама СДСМ сака розова слика. Можеби денеска ќе испрати и трето соопштение дека Заев и СДСМ ги изгаснаа пожарите или можеби дека и воопшто немало пожари во Македонија!?

На фотографијата која ја објави СДСМ се гледа дека Заев без брадата и во омилената маичка Астон Мартин и лакирани чевли, заедно со сопартијката Радмила Шекеринска и Стојанче Ангелов прошетале и се сликале во беровско Будинарци на кое му се закануваше огнената стихија.