Република Македонија ги започна пристапните преговори за членство во НАТО Алијансата, соопшти денеска СДСМ.

– Зборот е збор, од заробена држава до пред две години, денес Македонија почнува процес за полноправно членство во НАТО, а одлучно чекори и кон ЕУ преку започнатиот процес на скрининг. Успехот на реформскиот процес започнат од Владата предводена од СДСМ е препознаен од сите земји-членки на Алијансата како исполнување на потребните стандарди за целосна интеграција во НАТО. Македонија влегува во процесот на преговори целосно подготвена да ги прифати и примени обврските од Договорот од Вашингтон, како основачки акт за НАТО, кој ги уредува принципите за членство во Алијансата и со целосна посветеност ќе зеде учество во политиките и структурите на НАТО, се вели во соопштението.

Патот е отворен, додаваат од СДСМ, а иднината во НАТО е извесна, Македонија ќе биде 30-та земја членка.

– Сега, останува сите пратеници во Собранието да го направат последниот чекор и да го заокружат Договорот од Преспа, преку усвојување на уставните измени кои го зајакнуваат македонскиот идентитет и го отвораат патот за членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Пратениците имаат одговорност пред граѓаните да ја следат мнозинската волја и да обезбедат европка иднина на Македонија, се вели во соопштението од Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.