Политиките на СДСМ во секој сегмент даваат резултат и тоа се потврдува и со извештаи и ранг листи на светки реномирани организации, соопшти владејачкиот СДСМ.

Со политиките на СДСМ во делот на безбедноста и чувањето на редот и мирот, денес живееме во најбезбедната држава во Западен Балкан, велат од СДСМ во врска со статистиката за безбедноста во Македонија.

– Тоа е потврдено со најновата ранг листа на Глобалниот индекс на мир каде нашата држава е на 36тото место и бележи скок од четири позиции споредено со минатата година. Споредено со 2017, годината кога СДСМ ја презема власта С. Македонија за само пет години успеала да се искачи за 97 позиции, за денес да биде меѓу 36-те најбезбедни земји во светот. Ова е резултат на вложувањата во полицијата што резултираше со зголемен процент на отркивачка дејсност, намален број на строени кривични дела, како и зголемен број на расчистени случаи, велат од СДСМ.