Синоќа целосно е стопирано производството во фабриката Еуроникел, попозната како Фени, во Кавадарци

Во печките, како што објави Радио Лидер од извори во компанијата, повеќе не се топи руда и се ставени на минимум, за да не станат неупотребливи во иднина. Се очекува во наредните денови работниците на Еуроникел да бидат пуштени на принуден одмор.

Чудно е, според Радио Лидер, тоа што топилницата го прекинува произвоството во ситуација кога има големи профити, затоа што во моментов никелот на светските има висока цена која во изминатите месеци ги рушеше рекордите.

Еден од изговорите за кои се шпекулира е цената на електричната енергија, но и ова е сомнително затоа што при ваква цена на никелот анализите покажуваат дека има огромни профити и со скапа струја.

Според Радио Лидер, еден од сомнежите е дека Фени отишол како дел од пазарот во најновиот договор со Бугарија. Имено, претходно топилницата се обидуваше да ја преземе бугарската Минстрој на олигархот Николај Волканов, но победи групата на Кочо Анѓшев која преку интернационален фонд ја презема компанијата.

Претставник од пиар агенција на компанијата Еуроникел индустри за медиумите во телефонскиот разговор ни потврди дека печките се исклучени, но како што рече тоа било направено поради ремонт во комбинатот и дека работниците немало да одат на принуден одмор.