Александар Бајдевски денеска во седиштето на СДСМ поднесе кандидатура за претседател на оваа партија.

Претендентот за наследник на Димитар Ковачевски е актуелен заменик-министер за информатичко општество и администрација.

Вчера покрај него, кандидатури поднесоа уште тројца партиски функционери. Екс-министерот за здравство, Венко Филипче порача дека влегува сам во трката, без тим кој ќе го формира доколку стане претседател на партијата.

Пратеничката Славјанка Петровска вели дека не сака кавги, но мора да има силно СДСМ за силна опозиција, која е здрава за демократијата.

Првиот човек на ТИРЗ, Јован Деспотовски со програма „Нов почеток, нов СДСМ“. Тврди дека неговата програма обединува, а не фаворизира. Најавува формирање влада во сенка.

Кандидатура поднел и Златко Ристовски, партиски активист од Битола.