Еврокомесарот Јоханес Хан исфрлил бомба-изјава за време на предавањето во лондонски Четам Хаус, јави Ефемерида.

За време на своето обраќање во Инстититутот, каде настапи заедно со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, Јоханес Хан рече дека ќе има промени на границите во регионот.

Тој зборувајќи за постигнатиот Преспански договор, кој треба да служи за пример, посочи дека таков сличен договор ќе има и меѓу Грција и Албанија, а кој ќе предизвика и промени на гранциите.

-Мислам дека тоа што го видовме во преговорите за прашањето за името, сега го имаме и во дговорот меѓу Албанија и Грција, затоа што ќе има промена на границата и ова е многу важно и пресудно за граѓаните“, рекол Хан.

Тој од тие причини рече дека е потребно лидерство, но е потребно и лидерство за промени во општествата.

Оваа изјава на Хан, или како што Ефемерида ја нарекува „бомба“ ќе треба да се објасни, а е дадена по приватната средба меѓу премиерите Алексис Ципрас и Еди Рама.

Премиерот Рама денес најави дека двете земји ќе постигнат договор за нов стратегиски документ за соработка.

„Проблемите меѓу двете земји се тешки, но е апсолутно потребно нивно решевање. Односите меѓу Албанија и Грција треба да го надминат минатото“, рече Рама.