На денешната церемонија во Касарната „Илинден” во Скопје, по повод турската донација од 7.400 комплети гортекс униформи за припадниците на Армијата, Шекеринска беше прашана и дали ќе ја задржи позицијата заменик претседател на СДСМ по Конгресот на партијата во мај, при што таа одговори дека во тек се процедури на предлози од страна на општинските организаци.

-Добив прашање од мојата Општинска организација дали сум кандидат, кажав дека не сум, затоа што сметам дека и СДСМ и политичката сцена на Република … Македонија, одат напред кога постојано продуцираат нови кадри. Апсолутно, пристапот кон Конгресот треба да ни биде да формулираме и нови политики, а тие да бидат подобри, изјави Шекеринска.

Инаку, во последно време се шпекулира дека таа е во конфликт со Зоран Заев и дека актуелниот претседател на СДСМ, на Конгресот во мај ќе се ослободи од неа не дозволувајќи таа да биде избрана на важна партиска позиција. Ако Шекеринска не се кандидира, тогаш ќе му овозможи на Заев да ја елиминира од партијата без било какви игри. Прашање е што би било пдобро: да се бори и да му создава неприлики на Заев, терајќи да го да влече потези за нејзино остранување или едноставно да с еповлече. Нејзина проценка очигледно е дека попаметно е ова второво, наместо да води изгубена битка. Прашање е како ќе се однесуваат медиумите кои се блиски до неа: дали ќе продлжат да објавуваат афери за Заев и неговите луѓе или ќе замолкнат.

Таа денеска изјави и дека во ниту еден момент не учествувала во дискусија поврзана со кандидатот за амбасадор на Република Македонија во Вашингтон.

– Во ниту еден момент не сум учествувал во дискусија по ова тема. Таа тема долго време беше интересна за јавноста, имаше информаци, дезинформаци, деманти. Мислам дека е тема кој не треба вака да се дискутира. Се работи за многу важно место, се работи за место кое што особено станува значајно имјаќи предвид дека новоизбраниот претседател (на САД) доаѓа со една нова поактивна политика и на Балканот. Тоа е прашање за кое не се дискутира преку изјави, туку во рамките прво на Министерството, па на Владата и во соработка со претседателот. Јас се чуствувам заморено да дезинформираме, па да демантираме. Мислам дека е срамота за едно такво место да се игра медиумска игра, истакна Шекеринска.