Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Марина Вилер денеска постигнале договор за разводот, покажуват судските записи.

Адвокатите на Џонсон и Вилер присуствуваа на краткото приватно сослушување пред Централниот семеен суд во Лондон.

Судијката Сара Гибонс им забрани на медиумите да известуваат за деталите од финансискиот договор.

Судијата и дала на Вилер дозвола да поднесе барање за развод, со што бракот и формално ќе се раскине.

Џонсон и Вилер, која е адвокатка, се венчаа во 1993 година и имаат четири деца.

Тие во септември 2018 година објавија дека се разделуваат и дека планираат да се разведат.

Џонсон (55) сега живее со 31-годишната партнерка Кери Симондс во службената резиденција на премиерот, на Даунинг стрит бр. 10.