На 20.10.2026 околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, пред клучка Приштина, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со косовски национални ознаки, управуван од Б.М.(68) од Гостивар и патничко возило „мерцедес“ со косовски национални ознаки, управувано од М.И.(77) од Косово.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 77-годишниот возач на патничкото возило, додека со телесни повреди се здобил патникот од автобусот С.У.Б.(31) од Гостивар, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ и Комплекс клиники Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.




