Британската полиција се уште трага по Кајл Клифорд (26), кој е поврзан со смртта на три жени во Хартфордшир во близина на Лондон.
Властите претходно предупредија дека Клифорд можеби бил вооружен со самострел, а сега се откриени некои детали за жртвите.
Имено, синоќа околу 19 часот во куќа биле пронајдени телата на три жени за кои се верува дека се во роднинска врска со тешки повреди, а тие починале набргу по пристигнувањето на полицијата. Денеска е потврдено дека жртвите се на возраст од 25, 28 и 61 година, но не се откриваат нивните имиња, ниту пак начинот на кој се убиени.
Британските медиуми јавуваат дека во нападот загинале сопругата Керол (61) и ќерките (28,25) на познатиот новинар на Би-Би-Си, Џон Хант.
Соседите велат дека синоќа слушнале страшни крици од куќата во која биле пронајдени жените, а не долго потоа целата населба била блокирана од полиција. Оттогаш, во тек е потрага по човекот, кој е идентификуван како Клифорд и се верува дека е вооружен.
Полицијата верува дека тој е во регионот Хартфордшир, што значи дека можеби успеал да стигне до северен Лондон.
Според британските медиуми, едно училиште во Енфилд е привремено заклучено, додека учениците се во училниците и не смеат да излезат надвор. Сепак, нема дефинитивна потврда дека Клифорд всушност бил виден во оваа област.
Како се убиени трите жени и кој би можел да биде мотивот за злосторството, се уште не е познато.
Terrible to hear that three women, Carol Hunt and her daughters Louise Hunt and Hannah Hunt, have been murdered in Hertfordshire by a 26 year old man.
Already seeing headlines that suggest their killer seemed like a “nice, normal bloke” to people which is an unforgivably inane… pic.twitter.com/hZ7uASA8Mj
— Lorelei 🌕🧙🏻♀️🕸🍄 (@hatpinwoman) July 10, 2024