Македонскиот клуб Никола Јонков Вапцаров во Благоевград (Горна Џумаја) во Пиринска Македонија, во Бугарија, се затвора само шест месеци по неговото отворање.

Тоа денеска го соопшти претседател на Градскиот комитет на ОМО Илинден од Благоевград.

– Денеска во телефонскиот разговор помеѓу Кирил Иванов (Околиски претседател за Благоевградска околија и член на Координативното тело на Македонската народна организация ОМО Илинден) и Атанас Мазнев (претседател на Клубот Никола Вапцаров и Копретседателот на забранената политичка партија ОМО ИЛИНДЕН – ПИРИН) добивме информација дека по шест месеци Клубот Никола Вапцаров ќе биде затворен. Причината за затварането на Клубот е тоа што Клубот беше под кирија (наем) за рок од шест месеци, но сега газдарицара на приватната просторија во која беше сместен Клубот, не сака нов договор за наем со сегашните наематели на просторијата, објави Кирјаков.

Тој ова соопштение го пренесе на својот профил на Фејсбук.

(Д. Г.)