СДСМ за четири пати ја зголеми парцелата за облакодери пред хотелот Холидеј ин кај ГТЦ. Таа од 4.000 треба да стане 13.000 метри квадратни, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ.

-Првичниот плац за облакодерите беше 4.000 м2, а со продажбата во 2018-та година, среде мораториумот за градба, среде лагите за парк, парцелата станува над 13.000 метри квадратни. Тоа се двојните аршини на СДСМ за Центар, пред народ зборуваат за паркови, а во позадина окрупнуваат парцели за бетонизација. Од 4.000 м2 површина за која се ширеше лагата и се ширеа лажните очекувања дека нема да има облакодери, СДСМ допродаде уште 9.000 м2 државно земјиште за да може бетонизацијата да го проголта овој дел од Центар. Богдановиќ, Шилегов и Заев не ја спречуваат бетонизацијата, тие само си ја префрлаат топката. И тројцата работат на штета на Скопје. Со Богдановиќ, Шилегов и Заев Скопје тоне. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе!- се вели во денешното соопштение од опозициската партија.

Граѓаните паметат колку „СДСМ ги сакаше парковите“ и беше против „бетонизацијата на Скопје“. Нивните „епски“ гушкања на ГТЦ, паркобрани, распеани скопјани и… мноштво други „НВО активности“ додека СДСМ како опозиција се бореше за власт. А сега кога тие се на власт, ги нема гушкачите, паркобраните, распеаните скопјани итн.

Како наследство од овие активности и двојни аршини за Скопје, на скопјани им останува прескапата ливада на Петре Шилегов пред зградата на некогашното ЕСМ, која четири години остана нефункционална, без фасада како ругло во центарот на главниот град.

Сега нема кој да ги гушне сите почнати и закочени проекти за обнова на фасадите во центарот на Скопје, Шилегов е преокупиран со галиите во Вардар и со уривање на тоа што е изградено во проектите од „Скопје 2016“.

(Д.Г.)