Дали вистината е во виното? Ова прашање се провлекува низ епизодите кои го следат животот на две семејства поврзани со производство на вино.

На северот, е богатото семејство на Вук Томовиќ кој има изградено винарска империја, но крие страшни тајни. Неговата ќерка Ања се враќа од студиите во Париз со напредни енолошки идеи. Сепак, нејзиниот обид да воведе модерни технологии предизвикува судир со конзервативните навики на тамошната средина.

Истовремено, во Неготинската Долина е ликот на Вера, сопственичка на скромна, локална винарија која потекнува од различна социјална средина. Таа е самохрана мајка која води сопствена битка со секојдневието. Нејзиниот најголем товар е стравот дека минатото ќе ја стигне и ќе ги разоткрие нејзините најмрачни тајни.

Приказна која ги испреплетува нивните животни патишта, откривајќи ги нивните најинтимни вистини. Гледачите ќе бидат сведоци на нивните судбини исполнети со непреболена љубов, премолчени тајни и тешки животни удари.