На централното собрание, Алијансата за Албанците на Зијадин Села е усвоена Декларација со која се бара внатрешен договор меѓу двете најголеми заедници, Албанците и Македонците, како и измени во преамбулата на Уставот.

„Во рамки на уставните измени, кои доаѓаат како потреба и обврска од договорот со Грција, цениме дека преамбулата на Уставот, треба да ги постави граѓаните и етничките заедници на еднаква положба, без потреба еден граѓанин да се чувствува попривилегиран од друг, и една етничка заедница попривилегирана од друга. Сегашната дефиниција на преамбулата, треба да се смени, бидејќи двои од суверенитетот на државата, една етничка заедница од другите”, се вели во декларацијата.

Во декларацијата пишува и дека Алијансата за Албанците, во Уставот ќе интервенира со амандман, за да се смени амандманот пет од Уставот.

„Дефиницијата за Албанскиот јазик во овој амандман е навредлив. Јазикот дефиниран како: јазик кој што го зборуваат над 20 насто од населението, и кој е различен од македонскиот јазик, има карактер на привремено право на една страна, а од друга страна го поттикнува шовинистичкот елемент, во рамките на системот, со дискриминаторски политики, да се поттикне иселувањето на Албанците од своите огништа, да го политизира пописот на население, и да биде повод за неуспех на истиот, како што се случи со пописот 2012 година”, се вели понатаму.

Повикувајќи се на заедничката декларација на албанските парламентарни партии, од јануари 2017 година, Алијансата ќе бара овој амандман да се замени со нов член на Уставот кој би гласел:„Службен јазик во Република Северна Македонија, е Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, и Албанскиот јазик и неговото писмо.”

Декларацијата ќе биде доставена до повеќе европски амбасади како и до американската амбасада, и до генералниот секретар на НАТО.