Холандската полиција мораше да употреби сила и кучиња за да ги растера протестите пред воената база во селото Харскамп, 85 километри источно од Амстердам, јавуваат повеќе европски медиуми.

Во воената база која е близу селото има приемен центар за авганистански бегалци. Предвидено е таму да престојуваат 800 мигранти.

Демонстрантите кои беа околу 250 на број, најпрво мирно протестираа, но, во текот на ноќта протестирачите почнаа да палат автомобилски гуми. Од топлата можеа да се слушнат извици „нашите луѓе на прво место“ и „Харскамп ни припаѓа нам“, известуваат холандските медиуми.

Полицискиот портпарол вели дека немало приведени демонстранти и дека немало казнети. Протестот беше осуден од министерот за надворешни работи и министерот за одбрана на Холандија.

„Ужасно е, овие луѓе треба да гледаат телевизија и да видат што се случува на другите делови од светот, изјави холандската министерка за одбрана Анк Бијлевелд.

Стотици Авганистанци пристигнаа во Холандија последниве денови. Предвидено е да бидат вкупно 800 и да бидат сместени во три холандски воени бази.